Таткото на тапанарот на ДНК, кој загина во „Пулс“, се пожали на кражби од гробот на својот син

by Тони Зографски

Драги Ѓоргиев, таткото на тапанарот на групата ДНК, Ѓорги Ѓоргиев, кој трагично загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска преку објава на социјалната мрежа Фејсбук се пожали дека постојано бил ограбуван гробот на неговиот син во Струмица. Како што посочи Ѓоргиев во објавата, во која сподели и видео од безбедносна камера, досега имало 14 кражби.

На видеото, како што може да се види, жена приоѓа до гробот, става во најлонска ќеса некои работи и си заминува.

https://www.facebook.com/100021201171762/videos/pcb.1929598164423537/1320109690097507?cft[0]=AZZMoBaTtkv_WNAv37wDuj5YPnuUWYXdlKcclCtXqC6KoPplIJHpGT1g7Fzd1U9HXOdaWGL7rx21rsjIlZZ9gbqCudGq0TXxkZueaLcCDcHM921I2PZZeTMmZkHG-widQ3ebApa5ZUJSjE2pOi4HAAWOBosQX9cq7Ft7SB-EUYn8Xw&tn=*b0H-R

„14 кражби на нашиот ангел, и ден-денес не го оставаат гробот на мојот син, не знам со какво срце и душа сè уште крадат од гробот. Да си ми здрава и жива тетке која и да си и да ти се здрави и живи децата“, напиша Драги Ѓоргиев на Фејсбук.

останати вести