Страшна сообраќајка во Германија, гореле луѓе во автомобили: Најмалку седум загинати, главно млади

by Тони Зографски

Седум лица загинаа во страшна несреќа во Германија на обиколницата кај Бад Лангенсалц. Повредени се уште три лица, од кои некои потешко. Животот на едно лице е во опасност, пренесе „Билд“.

Директниот судар се случил во саботата вечерта, а во несреќата учествувале три автомобили: БМВ, Фолксваген и Мерцедес. Едниот од нив свртел во спротивен правец и налетал на другите два автомобили.

Од силината на судирот се запалиле две возила и биле уништени до непрепознатливост.

По несреќата, едниот од автомобилиет се нашол потпрен на заштитната ограда, вториот останал на коловозот, додека третиот автомобил останал превртен покрај патот.

Автопатот Б247 е целосно затворен по несреќата.

останати вести