СТРАШНА НЕСРЕЌА НА “ТУР Д’ФРАНС“: Велосипедист удри во навивач и го скрши вратот (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Уште еден голем навивачки скандал се случи на трката „Тур Д’Франс“, откако во петтата етапа еден од фановите предизвика судир со тешки последици за двајца велосипедисти, од кои едниот има скршеница на вратот.

Станува збор за Италијанецот Даниел Ос, кој беше тешко повреден по судирот на дел од трката што се возеше на калдрма. Навивачот во моментот на судирот се обидувал да ги сними натпреварувачите, па во големата желба премногу им се приближил.

Ос од силината на ударот одлета од велосипедот и собори еден од ривалите, Мајкл Гогл (Австралија), кој исто така е посериозно повреден и мораше да се повлече од Тур Д’Франс.

Ос во судирот го гледачот скршил пршлен на вратот, но тој по падот ја продолжи трката и откако ја заврши етапата замина во болница на прегледи и снимање на вратот.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com