СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО ХРВАТСКА: Полски автобус излета од автопат, најмалку 11 загинати, над 30 повредени

by Тони Зографски

Најмалку 11 загинати, над 30 повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи утринава во Хрватска. Како што пренесуваат хрватските медиуми, автобус со полски регистерски таблички во 5:40 часот излетал од автопатот А4 во правец кон Загреб.

Несреќата се случила меѓу Јарек Бишашки и Подворец.

Засега нема официјални информации за причините за оваа несреќа, ниту за околностите во кои се случила, но неофицијално, возачот најверојатно заспал на воланот.

Полицијата е на местото на настанот и врши увид, а на локацијата се повикани екипи на итната помош и пожарникари кои помагаат во спасувањето на настраданите.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com