Српски кошаркар тешко повреден во сообраќајка

by Тони Зографски

Кошаркарот на Црвена Звезда на репрезентацијата на Србија, Огњен Кузмиќ тешко е повреден утринава во сообраќајна несреќе која се случила на патот Бања Лука – Приједор. Кузмиќ е повреден кога се судриле два автомобила “порше“ и “бмв“.
Освен Кузмиќ повреден е и неговиот пријател Богдан Илиќ кој исто така бил во “поршето“, додека двајцата патници во “бмвето“ се здобиле со полесни повреди.

Наводно, српскиот кошаркар се враќал од свадба од Приједор.

Кузмиќ е сместен во Клиничкиот центар на Република Српска.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com