Српските фудбалери премијата од милион евра ќе ја донираат за болни деца

by Тони Зографски

Српските фудбалери уште еднаш ја одушевија јавноста по синоќешната фантастична победа на гости кај Португалија (2-1) по која се пласираа на Мундијалот во Катар, а денеска дополнително ги освоија срцата не само на домашната туку и на целата српска јавност.

Причина за тоа е одлуката за начинот на кој ќе ја распределат премијата што им ја вети претседателот Александарт Вучиќ во износ од милион евра.

Според српските медиуми, избраниците на селекторот Драган Стојковиќ-Пикси меѓу себе се договориле парите да ги уплатат на посебна сметка за лечење на децата.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com