Спортски љубовен триаголник: Убава манекенка изневерила познат фудбалер со возач на Формула 1 (ФОТО)

by Тони Зографски

Атрактивната манекенка Маргарида Корсеиро, која има само 22 години, стана светски позната  по големиот љубовен триаголник што го потресе спортскиот свет пред две години.

Возбудливата сезона во Формула 1 и борбата меѓу Оскар Пјасти и Ландо Норис за титулата, повторно ја вратија убавата португалска актерка и модел Маргарида Корсеиро на страниците на медиумите.

Португалката е во врска со Норис веќе некое време и моментално се смета за „кралица“ на Формула 1, и покрај силната конкуренција.

Во 2019 година, Корсеиро започна љубовна врска со познатиот фудбалер Жоао Феликс.

Тие беа во врска четири години, сè додека во 2023 година таа не беше фотографирана во луксузниот Монако во автомобил и на ручек заедно со формула еден возачот Ландо Норис. Тогаш беше разоткриен љубовниот триаголник.

Како што објавија медиумите, Корсеиро го изневерила Феликс најмалку три пати во една година, но таа некако успеала да ја спаси врската.

Сепак, португалскиот фудбалер кој се пресели од Челзи во Атлетико Мадрид за 117 милиони евра, не можел долго време да го издржи притисокот од јавноста и да и верува на својата сакана, поради што ја прекинал врската со манекенката.

Убавата португалка дефинитовно е „слаба“ на спортисти по разделбата од Феликс започна врска со својот „прељубник“ формула еден возачот Ландо Норис со кого летово е видена на Ибица.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com