Со хеликоптер се гаси пожарот на езерото Младост (ФОТО)

by Тони Зографски

Голем пожар попладнево избувна во близина на езерото Младост во Велес, кај село Отовица. Од пред пола час во гаснењето на пожарот се вклучи и хеликоптер.

„Општина Велес апелира граѓаните да не се движат во близина на опожарените појаси околу езерото, а возачите кои минуваат на автопатот внимателно да управуваат со моторните возила бидејќи поради чадот е намалена видливоста на коловозот и го попречува безбедното одвивање на сообраќајот.“ -апелираат од Општината.

останати вести