Сопруга на познат украински фудбалер загина во тешка сообраќајна несреќа (Вознемирувачко видео) 

by Тони Зографски

Викторија Данченко (27), сопругата на фудбалерот Олег Данченко, почина по тешка сообраќајна несреќа што се случила во Одеса.

Она што е дополнително трагично е што се` се случило истиот ден кога нејзиниот сопруг потпишал договор со Зорја од Луганск и се согласил да се врати во родната земја.

Според информациите кои доаѓаат од Украина, Викторија била зад воланот на мерцедесот на Олег, а сообраќајната несреќа се случила кога удрила во друг автомобил на патот. Нејзиното возило потоа било удрено од камион, а безживотното тело на Викторија пожарникарите го извлекле  од искршениот автомобил.

https://www.instagram.com/p/CRuUIQPJyKH/

Пожарникарите со часови имале проблеми да го извлечат телото на сопругата на фудбалерот од возилото, а автомобилот со кој се возела е целосно уништен. Според некои извори од Украина, причина за несреќата е преголемата брзина со која Викторија често се фалела.

Таа и пред сообраќајната несреќа во која загинала, се снимала себеси додека вози.

Олег Данченко (27) е поранешен млад репрезентативец на Украина, а во својата богата кариера го носеше дресот на Шахтјор, руски Рубин, АЕК Атина, како и бројни помали екипи.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com