СОБИРА ХРАНА ПО КОНТЕЈНЕРИ: По неа воздивнуваше цел Холивуд, a денес е бездомник (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Американската глумица Лони Вилисон, поранешната сопруга на ѕвездата на “Чувари на плажата“ (Baywatch) Џереми Џексон последен пат беше видена како живее на улиците на Венеција Бич, откако пред две години исчезна од очите на јавноста. Некогашната ѕвезда од Baywatch денес собира ѓубре по контејнери и е целосно уништена. На 37-годишната поранешен фитнес модел, која е бездомник од 2016 година,  ѝ се појавиле сериозни проблеми и со менталното здравје.

Неодамна таа беше фотографирана како турка количка со нејзините стари предмети.

Вилисон за „The Sun“ изјави дека добро се снаоѓа и дека нема никаков контакт со Џереми Џексон во последните неколку години.

„Не сум добилa никаков повик. Најдов храна и место за спиење. Наоѓам храна по контејнери и покрај продавниците“, раскажа таа.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com