СНИМКА ШТО ЈА ШОКИРАШЕ ЈАВНОСТА: Таткото на младата тенисерка ја „плескаше“ по задникот, па ја бакна во уста (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Младата и талентирана тенисерка Сара Бејлек (16) во петокот го постигна најголемиот успех во досегашната кариера и за првпат се пласираше на Грен-слем турнир. Тинејџерката од Чешка дојде до неколку сензационални победи во квалификациите за САД Опен, совладувајќи ја Кристина Младеновиќ и Хедер Вотсон, и обезбеди учество во главната фаза.

Сепак, вниманието на медиумите и навивачите беше насочено повеќе од спортскиот успех на 16-годишната девојка на она што се случи веднаш по нејзиниот меч со Вотсон во квалификациското финале.

По победата, воодушевената Бејлек отиде кај нејзиниот татко и тренерот кои седеа на трибините. Прославата на тинејџерката со нејзиниот татко, сепак, предизвика многу контроверзии и негодувања. Сето тоа затоа што татко ѝ ја бакна во уста и неколку пати ја удри по задникот, а целото видео од ситуацијата беше објавено на твитер-профилот на „Tennis Break News“.

Но, откако татко ѝ ја „исплеска“ за задникот, истото го направи и уште еден постар човек, нејзин најверојатно пријател“, кој седеше во првите редови на трибините.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com