СНИМАЛА ФОТОСЕСИЈА: Запознајте ја советничката во Министерството за финансии (ФОТО)

by Тони Зографски

Фотографии од Ана Марија Макеска која е советничка на министерката за финансии, Нина Ангеловска ги преплавија социјалните мрежи откако излегоа нејзини фотографии од фотосесиите – пишува експрес.мк

Советничката Ана Марија Макеска е дел од тимот најблиски соработници на Ангеловска, во кој доминираат жените. Таа е назначена за координатор на социјални медиуми и односи со јавност, и ќе се грижи за транспарентно и навремено споделување и информирање на јавноста за работата на министерката и нејзиниот тим.

Инаку, министерката Нина Ангеловска избрала помлад тим соработници.

Шефица на кабинетот е Кристина Попова која доаѓа од една од најголемите светски ревизорски куќи, но со претходно работно искуство во Министерството за финансии.

Ивана Станковиќ е посебен советник за јавен долг и финансиски систем. Нејзината долгогодишна работа во менаџмент консалтинг во приватен и јавен сектор со посебен фокус на корпоративни финансии, како и работа во финансискиот сектор во областа на алтернативни инвестиции ќе биде од големо значење.

Олимпија Христова Заевска е посебен советник за меѓународни финансии, ИПА и односи со ЕУ. Сигурна сум дека Олимпија значајно ќе придонесе на патот кон економски развој и паметно финансирање на развојни проекти.

Проф. д-р Маријан Петрески (со теоретско и практично искуство во макро и развојната економија, а особено во делот на критичката анализа и креирањето на политики) и Павле Гацов (еден од најпознатите домашни експерти за даноци, предавач на голем број обуки за даночната регулатива) се надворешни консултанти со кои ќе соработувам во областа на макроекономијата и даночните политики.

останати вести