Скарлет Јохансон: „По ‘Изгубени во преводот’ ме гледаа само како сексуален објект“

by Тони Зографски

Во искрено интервју за магазинот Vanity Fair, славната холивудска актерка Скарлет Јохансон се наврати на почетоците на својата кариера и откри како по успехот на филмот „Изгубени во преводот“ се соочила со низа улоги што ја сведувале на „сексуален објект“. Во култниот филм од 2003 година, режиран од Софија Копола, тогаш 17-годишната Јохансон глумеше покрај Бил Мареј. Иако филмот ѝ донесе слава и признанија, зад сцената следеле тешки моменти.

„По ‘Изгубени во преводот’, секоја улога што ја добивав со години беше ‘девојка’, ‘друга жена’, сексуален објект. Не можев да излезам од тој циклус. Тоа стана мојот идентитет како актерка. Немаше многу што можев да направам“, рече Јохансон.

Таа додаде дека не добила поддршка ниту од агентите во тоа време, бидејќи, како што вели, „само реагираа на она што тогаш беше норма во индустријата“. „Така отсекогаш функционирало“, вели актерката.

Говорејќи за своето созревање, Скарлет призна дека периодот кога ја откривала својата сексуалност бил истовремено и возбудлив и збунувачки. „Одеднаш се свртуваш и сфаќаш – чекај, се чувствувам како да ме искористиле. Не сакам да кажам ‘користена’, бидејќи тој збор е тежок, но да, некако беше така“, искрено сподели таа.

Јохансон се осврна и на нејзиното искуство на снимањето на Изгубени во преводот, каде што партнер ѝ беше Бил Мареј. Според неа, тој тогаш бил во тежок животен период. „Сите околу него беа напнати – и режисерката, и екипата – затоа што тој си ги ракуваше своите работи. Никогаш дотогаш не сум работела со актер во таква ментална состојба“, вели Скарлет.

По дваесетина години, таа повторно се сретнала со Мареј зад сцената на прославата „SNL50“, и вели дека сега е сосема различен човек. „Мислам дека животот го понижи“, додаде актерката.

Јохансон се осврна и на контроверзијата околу снимањето на филмот Биди смртен (2022), каде што проектот бил стопиран поради неприфатливо однесување на Мареј. Тој тврдел дека бакнал жена на снимањето преку маска, „на шега“, но јавноста тоа не го прифати лесно.

„Да, тоа беше навистина лошо“, признава Скарлет. „Но, знам и дека Ковид-19 беше тежок за него. Животот, сите тие работи, го натераа да се соочи со сопственото однесување. Но знаеш што? Прекрасно е што луѓето можат да се променат.“

На крај, таа се осврна на сопственото искуство од снимањето на Изгубени во преводот: „Доста сум горда на тоа како се справив со сè. Само си ја вршев работата. Тоа е добра тактика за надминување на тешки ситуации – да гледаш кон целта.“

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com