СКАНДАЛ: Учителка на голем одмор имала сексуални односи со ученици

by Тони Зографски

37-годишна учителка од Нов Зеланд е осудена е на две и пол години затвор поради сексуален однос со двајца ученици. Жена, вработена во колеџот Бленхејм на Северниот остров, во 2018-та година повеќе пати за време на големиот одмор ги изнесувала учениците од училиштето за да има сексуален однос со нив во нејзиниот автомобил.

Таа е омажена за полицаец, а во училиштето работела 12 години пред да ѝ биде одземено правото за настава поради однос со тинејџери, пренесува “Daily Mail“.
Судијата Тони Зохбар на суд изјавил дека учителката на децата им испраќала експлицитни содржини на социјалните мрежи и им се заканувала на никого да не кажуваат.

Адвокатот на наставничката тврди дека домашниот притвор би бил најдобар начин на рехабилитација за неа поради проблемите со менталното здравје.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com