СКАНДАЛ: Украинската мечувалка наместо да се ракува, го испружила мечот кон Русинката (ФОТО)

by Тони Зографски

Украинската мечувалка Олга Харлан беше дисквалификувана од Светското првенство во мечување во Милано во четвртокот затоа што не се ракуваше со својата руска противничка Ана Смирнова…

Како што е соопштено, дисквалификацијата дошла затоа што Харлан по победата одбила да се ракува со противничката.

Русинката била изненадена и побарала реакција од судиите. Украинката го напуштила местото на борбата, дофрлајќи ѝ на руската спортистка.

Смирнова збунето стоела и гледала во правецот на судиите. Ракувањето е задолжителен елемент од секоја борба, па Украинката со своето одбивање да го направи тоа го прекршила правилото.

Набрзо потоа неколку судии излегле на патеката. Смирнова долго разговарала со нив, а кога сите заминале, таа останала сама.

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com