СКАНДАЛ КАКОВ ТЕНИСОТ НЕ ПАМЕТИ: Загуби, па му удри шлаканица на ривалот (ВИДЕО)

by Тони Зографски

На ИТФ турнирот во Акра се случи инцидент кој ја шокираше јавноста ширум светот. Сведоци сме дека во последно време има се повеќе инциденти на тениските терени.

Овој пат Рафаел Ни Анкра го победи Микел Куам со 2:1 во сетови, но мечот го одбележа невиден скандал за кој зборува цел свет.

Имено, по натпреварот и двајцата тенисери дојдоа до мрежата за да се поздрават. Во тој момент Анкра му ја подаде десната рака на противникот, и му удри шлаканица со левата рака, а неколку моменти подоцна настана првиот хаос.

Екипите на младите тенисери влегоа во конфликт, а како тоа изгледаше, погледнете во приложеното видео:

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com