СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Германски магазин објави лажно интервју со Михаел Шумахер (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Еден од најдобрите формула еден-возачи во историјата, Михаел Шумахер, десетина години е надвор од очите на јавноста по тешката несреќа на скијање по која апсолутно никој надвор од семејството го нема видено, но денеска германски медиуми објави ексклузивно интервју со него.

Станува збор за неделникот „Дие Актуел“, кој со објавениот напис предизвика голем скандал бидејќи станува збор за лажна вест, односно одговорите на прашањата не ги давал повеќекратниот Ф1-шампион туку вештачката интелигенција ЧатГП. На насловната страница овој дел бил изоставен, а сите во старт помислија дека конечно некој успеал да стигне до Шумахер, за кого не се знае ни дали може да зборува и да ја распознава околината по тешкиот удар со глава.

Семејството на Германецот е шокирано од ваквата лага на неделникот, но се уште не е познато дали ќе го тужи поради во најмала рака, несолената шега.

https://youtu.be/vWi6v-RPZhE

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com