“СИТЕ СМЕ КРВАВИ“: Украинка објавила потресна снимка откако руски проектил ја погодил нејзината зграда (ВИДЕО)

by Тони Зографски

На социјалните мрежи се објавени фотографии од станбени згради во пламен во Уман, град во централна Украина, кој бил погоден од руски проектил, а млада девојка од тој град го снимила моментот откако првата ракета ја погодила нејзината зграда. Со крваво лице и во солзи, таа го снимила својот уништен стан.

„Проектил ја погоди нашата куќа. Сите сме крвави, па деца спиеја тука. Мразам Руси“, рекла девојката во видеоснимката.

Фотографиите од уништени станбени згради во Уман, град во централна Украина, кои биле погодени од руски ракети, се објавени на социјалните мрежи.

Фотографиите од уништените згради ги објави и брачниот пар Зеленски.

„Урнатините во Уман и натаму се чистат. Веќе има 13 загинати. Меѓу нив и две деца кои не можеме да ги идентификуваме. Судбината на нивните родители е непозната. Спасувачите ќе работат сè додека не бидат сигурни дека нема никој под урнатините“, навел Зеленски на Твитер и додал дека „само заедно можеме да го победиме рускиот терор – со оружје за Украина, со строги санкции за Русија и соодветни казни за убијците“.

По неговата објава, министерството за внатрешни работи објави дека во зградата во Уман загинале 18 цивили.

Убиена млада жена и 3-годишно дете

Новинската агенција „Интерфакс Украина“ повикувајќи се на локални извори, соопштила дека експлозии биле забележани по полноќ во Кременчук и Полтава во централна Украина, Николајев на југот, како и во Киев и регионот околу престолнината.

Градоначалникот на Дњепар Борис Филатов изјавил дека млада жена и 3-годишно дете загинале во напад на тој град, но не навел детали.

Градската воена управа на Киев соопштила дека противвоздушните единици се во акција.

останати вести