Бразилската манекенка Алесандра Амброзио блесна на овогодинешната модна ревија на „Викторијас сикрет“ во Њујорк.
Таа зрачеше со самодоверба и повторно воодушеви многумина со својот изглед.
Две изданија
Таа се појави на пистата во две спектакуларни изданија. Во првото издание, Алесандра носеше златно-метален костим со крилја кои изгледаа како да поминале низ оган.
Во второто појавување, таа го смени тонот и блескаше во црна чипкана комбинација со огромни крилја слични на пеперутка.
Со враќањето на пистата, таа привлече многу погледи, а многумина не веруваат дека Алесандра има 44 години и коментираат дека изгледа многу помлада.