“СИТЕ МИ ВЕЛАТ ДЕКА СУМ ПРЕУБАВА ЗА ДА ГО РАБОТАМ ОВА“: Изгледа како топ модел, а вози автобус (ФОТО)

by Тони Зографски

Џоди Ли Фокс има 24 години, живее во Велика Британија и вели дека ги шокира патниците со својот изглед. Таа работи како возач на автобус веќе три години и вели дека оттогаш, патниците и велеле дека е „премногу убава за таа работа“.

-Кога мажите влегуваат во автобус, секогаш е истата реакција: „Ти си толку убава!“ Или „Никогаш во животот не сум видел толку убав возач на автобус“, изјави таа за „Yahoo“.

-Луѓето велат дека сум убава за возач на автобус и добивам коментари од некои жени кои редовно ги фалат моите нокти, коса или шминка.

Кога почнала да споделува видеа на TikTok, привлекла и многу обожаватели. Сепак, профилот на TikTok моментално ѝ е деактивиран.

„Луѓето редовно ми зборуваат дека сум премногу убава за да го работам ова, но добивам и добри коментари од жени кои редовни ме фалат поради убавата коса, ноктите или шминката“, вели Џоди.

Таа за Yahoo објасни дека и претходно објавувала фотографи и видеа, но луѓето „збудалиле“ кога почнала да објавува фотографии додека е во работната униформа во автобус.

Претходно оваа млада Британка работела како негувателка. И покрај големата популарност, вели дека не планира да ја напушти работата и дека ќе продолжи да вози автобуси додека не се пензионира.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com