Авалон ги објави сите информации поврзани со најголемиот спектакл по повод 35-годишнината од независноста на нашата држава – доаѓањето на Дејвид Гета во Македонија.
Музичкиот хепенинг ќе се одржи на 8 септември во Арена „Тодор Проески“, а единствен трошок за влезниците е 35 денари.
Прочитајте ја во целост нивната објава:
ПОЗНАТИ СИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ ВЛЕЗНИЦИТЕ ЗА DAVID GUETTA – THE MONOLITH SHOW КАКО ДЕЛ ОД ПРОСЛАВАТА ПО ПОВОД 35 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ!
Почитувани,
Согласно вчерашната најава за големиот отворен настан David Guetta – Monolith Show по повод 35 години независност, кој ќе се одржи на 8 септември во Арена „Тодор Проески“, во прилог ги споделуваме сите информации околу регистрацијата за влезници за истиот.
1. Влезниците ќе бидат достапни од ПЕТОК (15 мај) САМО на avalonbooking.mk
2. Сите влезници ќе чинат 35 денари, а достапни ќе бидат влезници за стоење и седење (трибина). Трибините се нумерирани и потребно е да одберете седиште при купувањето на влезници за една од трибините. Стоењето не е нумерирано.
3. Капацитетот на стадионот е ограничен, па наш совет е да бидете брзи во петок како би го обезбедиле своето место.
И, за крај – да, влезниците навистина чинат 35 денари и тоа е единствениот трошок за набавување влезници за David Guetta – Monolith Show на 8 септември во Арена „Тодор Проески“.
Ваша,
Avalon International Booking






