Адријана Лима прошета на синоќешниот црвен тепих во Кан, а иако избра прилично едноставен фустан, нејзиниот стајлинг не помина незабележано.
Лима во Кан се појави во елегантно, класично издание — носеше долг, црн фустан без прерамки, кој совршено ја следеше линијата на нејзиното тело, нагласувајќи минималистички, но софистициран стил.

Фустанот беше со едноставен, прав крој, што ја истакна нејзината фигура без дополнителни украси.
Стајлингот го надополнила со впечатливо парче накит: раскошен ѓердан со дијаманти и централен смарагден камен, кој на целиот изглед му даде луксузен тон. Црвениот кармин на усните внесе доза контраст со фустанот, истовремено истакнувајќи ја нејзината убавина.
Косата ја собрала во елегантна пунџа, што дополнително го истакна нејзиното лице и ги нагласи накитот и деколтето. На нозете носеше црни салонки.

Лима е редовен гостин на Филмскиот фестивал во Кан, а пред три години нејзиното појавување предизвика лавина критики на сметка на нејзиниот изглед. Имено, Адријана на црвениот тепих пристигна неколку месеци по породувањето, а иако призна дека се борела со вишокот килограми што останале по бременоста, на социјалните мрежи не ја поштедија.
Негативните коментари ја следеа и во периодот што следуваше, меѓутоа славната манекенка успеа да ја врати препознатливата фигура.





