Синиша Михајловиќ има леукемија

by Тони Зографски

Српскиот тренер на Болоња Синиша Михајловиќа откри дека боледува од леукемија.

„Не се чувствував добро, имав треска. Резултатите од прегледите покажаа дека станува збор за леукемија“, рече Михајловиќ и додаде:

„Кога дознав плачев со денови. Но, тоа не беа солзи од страв. Ја почитувам оваа болест и ќе се соочам со неа, со исправена глава“  – рече српскиот тренер.

Инаку, Михајловиќ како тренер  ги водел Болоња, Катанија, Фјорентина, српската репрезентација, Сампдорија, Милан, Торино и Спортинг Лисабон.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com