Силен земјотрес ноќеска ја погоди Албанија

by Тони Зографски

Албанија во текот на ноќта ја погоди силен земјотрес со јачина од 4,7 степени по Рихтер.

Епицентарот на земјотресот бил девет километри од градот Ерсека и 95 км од Елбасан, а е регистриран на длабочина од пет километри. Земјотресот го почуствувале и жителите на пограничните региони во Македонија и во Грција.

По овој земјотрес Албанија ја погодија три послаби земјотреси, со јачина од 3,6, потоа 3,4, а потоа и 2,4 степени.

Засега нема информации за евентуална материјална штета.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com