Сидни Свини проговори за 18+ во „Еуфорија“: „Тоа е животот на Кеси, а не мој“ (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Сидни Свини конечно проговори за контроверзната приказна на нејзиниот лик во третата сезона на серијата „Еуфорија“, која предизвика негативни реакции кај гледачите.

Откако нејзиниот лик Кеси Хауард се сврте кон платформата за возрасни Онлифенс за да заработи пари, некои гледачи го нарекоа развојот на настаните „ритуал на понижување“.

Во ново интервју, 28-годишната актерка јасно стави до знаење дека ставовите и одлуките на нејзиниот лик не ги одразуваат нејзините.

Свини: Тоа е животот на Кеси, а не мој

За „Vanity Fair“ Свини зборувала и за креаторот на серијата, 41-годишниот Сем Левинсон и открила како изгледал нивниот разговор за новата сезона.

„Ми ги испрати сите сценарија што веќе ги содржеа сите сцени на Кеси во нив, вклучувајќи ги и оние на Онлифенс. После тоа, ми се јави и разговаравме за сè“, рекла таа.

„Ме праша како се чувствувам во врска со тоа, а јас реков: „Слушај, јас сум актерката што го игра ликот“. „Дали се согласувам со сите одлуки што ги носи Кеси? Дали јас лично би ги донела? Не, секако дека не би“, објаснила Свини.

„Но, јас сум актерка и тоа е мојата работа. Ова е животот на Кеси и за да ѝ оддадам почит и да ја одиграм како што треба, морам да ја оживеам визијата на Сем и да ја прикажам Кеси на најранливиот и најдив можен начин“, додала таа.

Според неа, мотивацијата на ликот е јасна од самиот почеток. „Од самиот почеток, јасно е дека Кеси има потреба да биде сакана и дека бара потврда од другите. Таа не знае како да се сака себеси ако некој друг не ја сака“, објаснила актерката.

Таа додала дека разбира зошто Левинсон го довел нејзиниот лик до точката во која била во третата сезона. „Мислам дека повеќе ја возбудувала идејата дека сите овие луѓе ја сакаат и знаат која е, и чувството дека нејзиниот свет не е мал“, рекла таа.

Создавачот на серијата тврди дека Свини инсистирала на голотија

Порано оваа недела, авторот на серијата Сем Левинсон се бранел од критиките на обожавателите за изразено сексуализираната насока во која го однел ликот на Сидни Свини. Гледачите беа огорчени откако ја видоа актерката гола во бројни сцени, откако Кеси започна кариера како модел на Онлифен за да заработи пари, додека нејзиниот сопруг Нејт, кој го игра Џејкоб Елорди, го злоупотребува лихварска банда.

Но, според Левинсон, кој ги напишал и режирал сите осум епизоди од третата и последна сезона, токму Свини инсистирала да не се избегнува голотијата. За време на појавувањето во поткастот „Popcast“ на Њјурок Тајмс, Левинсон рекол дека првично размислувал за помека верзија на сезоната, со минимален број разголени сцени.

„Смешно е. Кога првпат го напишав, помислив дека можеби можеме да го направиме без голотија. Разговарав со неа и предложив: „Можеби има начин да се отстранат некои работи?“, рекол Левинсон.

Според него, актерката била одлучна. „Ме погледна и рече: „Се шегуваш? Јас играм модел на Онлифенс. Сакаш да кажеш дека ќе го избегнуваш тоа?“, се присетил тој.

„Јас реков: „Добро, тоа е фер поента“. Значи, секогаш се води дебата за тоа што е најдобро за ликот“, додал тој. Потоа Левинсон ја пофалил Свини како „апсолутно бестрашна актерка“, „исклучително професионална“ и некој кој „доаѓа подготвена секој ден“ на снимањето. „Обожавам да работам со неа поради нејзината актерска флексибилност“, заклучил тој.

Остар одговор на критичарите

Критиките се интензивираат пред финалето на „Еуфорија“, а Свини им одговорила на критичарите кои ги критикувале нејзините провокативни сцени. Имено актерката споделила серија фотографии од зад сцената на Инстаграм, од кои на едната позира со жолт питон обвиткан околу нејзиното речиси голо тело. На другата виси наопаку на шипка за танцување.

Подоцна на Инстаграм приказна објавила снимка од шипка за танцување на која носела светкав костим и високи потпетици. Во описот, се чини дека обратила на оние кои ги нарекле нејзините сцени „понижувачки“.

„Тоа се вика … глума“, напишала таа.

останати вести