Актерката Сидни Свини и музичкиот менаџер Скутер Браун уживаат во луксузниот одмор. Парот во петокот бил фотографирана како се качува на луксузната суперјахта на милијардерот Дејвид Гефен на Мајорка, Шпанија, а денот го поминале и возејќи се на џет-ски.
Суперјахтата „Rising Sun“, која е во сопственост на Гефен, се проценува на околу 400 милиони долари. Свини (28) при качувањето на јахтата носела бела блуза, жолти кратки панталони и кафеави каубојски чизми, додека Браун (45) исто така избрал лежерна комбинација – бела маица под откопчана светлосина кошула, кафеави кратки панталони и кралскосина бејзбол капа свртена наназад.


Актерката подоцна ја променила комбинацијата и облекла светлосин костим за капење и маица со долги ракави, пред да се качи на џет-ски. Браун ја носел истата маица, која ја комбинирал со сини шорцови за капење.
За време на одморот не ја кријат својата блискост. Биле фотографирани на луксузната јахта како разменуваат нежности, додека Свини носела розов костим за капење.


Свини и Браун ја започнаа својата врска откако се запознаа на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција во јуни 2025 година. Оттогаш речиси и да не се разделуваат, а својата блискост често ја покажуваат и во јавноста.
Минатиот месец овој пар, кој често патува, уживал во адреналинско банџи-скокање во Нов Зеланд, а престојувале и во Австралија.
