СЕ ЧУВСТВУВАМ КАКО ГРК, НО НЕ ЗНАМ ГРЧКИ: Ѓоковиќ од Атина испрати порака за нов почеток

by Тони Зографски

По настапот на Австралија опен, каде стигна до финалето, но не го освои 25-тиот гренд слем трофеј, српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ ја искористи паузата како гледач на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Потоа се врати во Атина, градот кој во изминатиот период го избра за свое живеалиште.

Во грчката престолнина остана активен. Прво беше на трибините на евролигашкиот дуел меѓу Олимпијакос и Црвена ѕвезда, а потоа одржа и неколку деловни средби.

На една од нив се сретнал со министерот за миграција на Грција, Танос Плеврис. Дел од грчките медиуми објавија дека министерот рекол:

– Голема чест е што со своето семејство сакате да останете во нашата земја.

Пред кошаркарскиот меч, во изјава за грчката телевизија АНТ1, Ѓоковиќ бил запрашан дали веќе се чувствува како Грк.

– Се чувствувам како Грк, но уште го немам научено грчкиот јазик. Не е лесно. Главниот план за оваа сезона ми е да останам здрав и среќен – изјави српскиот тенисер.

По големите спортски предизвици, Ѓоковиќ очигледно бара мир, стабилност и нова енергија во Атина.

останати вести