СЕ СТРАВУВА ДЕКА СЕ УРНАЛ ВО МОРЕ: Исчезна руски авион со 29 лица, меѓу патниците и дете

by Тони Зографски

Во Камчатка, изгубена е врската со авионот Ан-26 со 28 лица, беше речено денес во регионалниот оддел на Министерството за вонредни состојби.

Патнички авион Ан-26 летал меѓу градовите Петропавловск-Камчатски и Палана, пренесува РИА Новости.

Според прелиминарните податоци, во авионот има 22 патници, меѓу кои едно дете и шест члена на екипажот.

Извори на Тасс од итните служби истакнале дека постои голема можност авионот да се урнал во море. Леталото било технички исправно, а пилотот не пријавил дефект или некаков проблем.

останати вести

Comments are closed.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com