Се сакаат како од првиот ден: Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас уживаа во Монако (ФОТО)

by Тони Зографски

Познатиот актерски пар Мајкл Даглас (81) и Кетрин Зита Џонс (56) беа фотографирани овој викенд како уживаа во Монако на Големата награда на Формула 1, а нивното појавување привлече огромно внимание.

Тие беа лежерно облечени и совршено стилизирани – двајцата во темносини бои и со очила за сонце, а покрај тоа беа одлично расположени додека ги следеа настаните од првите редови.

Интересно е што преку еден мал детаљ покажаа колку многу си значат еден на друг, што е можеби највпечатливото нешто на фотографијата …

Фактот што актерката објавила фотографија и накратко напиша: „Гран При викенд во Монако“ сугерира дека се забавувале одлично.

Кетрин Зита Џонс и Мајкл Даглас се познати како еден од најхармоничните и најдолговечните познати парови, за кои дури и големата разлика во годините никогаш не била пречка.

Во ноември тие ја прославиле 25-годишнината од бракот, а редовно се појавуваат заедно во јавноста и велат дека нивната љубов е сè уште силна.

останати вести