Поранешниот фудбалер на Вардар, сега фудбалски тренер Влатко Грозданоски по вторпат стана татко.
Тој на „Фејсбук“ напиша дека денес сопругата Христина родила ќерка, која ќе се вика Ива.
„Денес, 18 ноември 2020, вторпат станав татко. Мојата сопруга на свет ја донесе нашата втора ќеркичка Ива. Мила си доби сестричка. Да си жива и здрава, ќерко“, напиша Влатко.
Инаку, Влатко и Христина, која е поранешен модел, се во брак од 2016 година. Првата ќерка Мила се роди лани на 36. роденден на фудбалерот.