Се појавила ретка семејна фотографија од Ричард Гир и неговата сопруга Алехандра (ФОТО)

by Тони Зографски

Ричард Гир (76) споделил ретка семејна фотографија по повод прославата на Денот на независноста на САД. Славниот актер позирал со сопругата Алехандро Гир (43) и нивните два сина на брод во Њујорк, со Статуата на слободата во позадина. Гир, кој следниот месец ќе наполни 77 години, е во брак со шпанската публицистка осум години.

Двојката го прослави и Денот на независноста со пикник на плажа со своите синови, седумгодишниот Александар и шестгодишниот Џејмс. Подоцна, како што покажа Алехандра на социјалните мрежи, момчињата со воодушевување го гледале огнометот.

„Длабоко сум благодарна за животот што го изградивме меѓу две земји, две култури и со толку многу луѓе што ги сакаме“, напишала Алехандра во објава на Инстаграм. „Денес ја славиме поврзаноста, семејството, пријателството и сè што нè потсетува дека домот не е само место, туку и луѓето што ги носиме во нашите срца. Среќен Четврти јули на нашето семејство и пријатели низ целите Соединети Американски Држави“.

Парот првпат се запознал во 2004 година, а повторно се сретнале десет години подоцна во хотелот на нејзиното семејство во италијанскиот Позитано, по што започнала нивната врска. Гир исто така е очув на 11-годишниот син на Алехандра, Алберто, од нејзиниот претходен брак со Говинда Фридланд, кој завршил во 2015 година.

останати вести