Македонската ракометна репрезентација го забележа и вториот пораз на ЕП, овој пат од селекцијата на Црна Гора со резултат 24:28. Нешто слично како и против Словенија, одново и денес пресудија големите грешки и промашувањата во нападот. Бевме во игра скоро цел натпревар поради одбраните на Митревски, но промашувања едноставно имаше премногу.
Црна Гора во ниту еден момент не беше во „минус“ на оваа средба, ние израмнивме еднаш, на стартот од вториот дел кога стигнавме до 17-17, но потоа пропаднавме …