“СЕ МОЛАМ ДВЕТЕ БРАТЧИЊА ДА СЕ ИЗБОРАТ“: Прегазените деца во Охрид се борат за живот

by Тони Зографски

Двете момчиња кои синоќа беа прегазени на улицата „Железничка” во Охрид се борат за живот, објави Охрид 1. Полицијата уште нема официјални информации, а градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски пред малку со пост на фејсбук понуди помош нарекувајќи го настанот ужасна вест.

Порталот објавува дека едното дете е на возраст од 11 години и тоа било првично задржано во болницата за Ортопедија и труматологија „Св.Еразмо” во Охрид со скршеници на ногата и потрес на мозокот. Тоа според извори на болницата во костозглобна во стабилизирана состојба во текот на ноќта било транспортирано во Скопје.

Другиот брат како што јавува Охрид1 има 19 години и е со тешки повреди на главата. Веднаш  бил префлен на неврохируршка клиника во Скопје, но на инсистирање на родителите најверојатно момчето ќе биде пренесено во приватна болница. Тој е во животна опасност.

Охридската јавност е видно вознемирена од овој трагичен настан дотолку повеќе што двете лица според првите неофицијални информации се прегазени додека оделе на тротоар.

„Ова е ужасна вест.

Немам зборови да ја опишам тагата и болката која ја чувствувам.

Се молам двете братчињата да се изборат. Целата општина Охрид и јас лично стоиме на располагање да помогнеме за сѐ што е потребно на семејството на братчињата во овие тешки мигови. Господ нека ги чува, – напиша градоначалникот Георгиевски.

останати вести