Свадбена веселба во Никшиќ за неколку часа се претворила во кошмар. И тоа поради нарачана песна. Фамилиите на младенците се испокарале поради песната “Српкиња је мене мајка родила“ која била нарачане веднаш по венчавката.
Претходно двете семејства се договориле да не се нарачуваат националнистички песни, па на домаќинот на свадбата, односно на сватот му дошло преку глава кога сваќата два или три пати нарачувала иста песна. Тој ги предупредил гостите дека “ова е Црна Гора“, по што се створила гужва по која братот на невестата ја фатил за рака и ја изнел од веселбата со порака “фала пријатели“.
По пропаднатата свадба секој од младенците се отишол дома и само по три часа во брак тие се развеле.