СЕ ЗАРАЗИЛ НА РОДЕНДЕНСКАТА ЗАБАВА?: Усеин Болт позитивен на коронавирус (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Најбрзиот човек на сите времиња Усеин Болт е позитивен на коронавирус, но засега нема информации дали има симптоми или не.  Јамајканецот се тестирал неколку дена откако организирал голема родендеска забава во својата татковина. На неговиот роденден имало стотина гости, меѓу кои и многу познати ликови, како Рахим Стерлинг од Манчестер сити и Лион Бејлои од Баер Леверкузен.

Светскиот рекордер на 100 и 200 метри се тестирал и бил позитивен на Ковид-19. Медиумите немаат информации дали поранешниот спринтер имал симптоми па решил да се тестира или тоа го направил само поради претпазливост. Очигледно и најбрзиот човек на планетата не може да му побегне на опасниот вирус.

Еве како изгледаше забавата на Болт, каде „нормално“ не се почитуваше ниту една мерка за заштита од Ковид-19.

https://twitter.com/i/status/1297505337617121281

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com