Пејачката Селин Дион падна на сцената за време на концертот во Франција, но брзо се созеде и продолжи со настапот како ништо да не се случило.
Незгодата се случила во средата навечер во Нантер, каде што пејачката одржува концерти во рамки на серијата настапи „Селин Дион Париз 2026–2027“.
За време на изведувањето на една од песните, Селин Дион потскокнувала на една нога, а потоа ја загубила рамнотежата и паднала. Таа паднала на задникот, но со раката успеала да го ублажи падот.
еднаш станала, кренала палец кон публиката за да покаже дека е добро и продолжила да пее.
Гери Франк, кој го снимил моментот, бил изненаден од падот на пејачката, а во првиот момент и се загрижил. Сепак, како што изјавил за „СториФул“, бил воодушевен од тоа колку брзо се снајде и продолжи со настапот.
Тој додал дека незгодата воопшто не влијаела врз остатокот од концертот.
