СЕЛИН ДИОН ГО ПРОСЛАВИ СВОЈОТ 55-ТИ РОДЕНДЕН: Минатата година откри дека има неизлечива болест (ФОТО)

by Тони Зографски

Легендарната пејачка Селин Дион го прослави својот 55-ти роденден, а воедно ја слави и својата музичка кариера која трае долги години, точно 40.
На својот пат, Селин собра голем број награди, а ја запозна и љубовта на нејзиниот живот, која подоцна ќе и стане сопруг.

Фантастичниот меѓународен успех што го постигна некогаш изгледаше како невозможен сон за двегодишното девојче кое живееше во мало канадско гратче на периферијата на Монтреал. Сепак, нејзината храброст и одлучност ја доведоа до тоа што многумина никогаш нема да го постигнат.

И СЕ ГЛЕДААТ КОСКИТЕ: Потресна фотографија од Селин Дион го обиколи светот (ФОТО)
Сепак, една од најтешките животни препреки со која неодамна се соочи е нејзината здравствена битка со невролошкото нарушување, таканаречениот „Синдром на вкочанета личност“ ((SPS), кој е неизлечив и се заканува да и ја одземе музичката дарба засекогаш.

Деталите како состојбата влијаела на неа, Дион рекла:
– За жал, грчевите влијаат на секој аспект од моето секојдневие, но понекогаш предизвикуваат потешкотии при одење, а не ми дозволуваат да ги користам гласните жици за да пеам како што сум навикната“.

Откако со солзи во очите ја објави шокантната дијагноза, 55-годишната пејачка не е видена во јавноста.

Image

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com