Северина во никогаш пожешко издание најави нова песна (ФОТО)

by Тони Зографски

По големиот успех со нумерата „Нисам крива ја“ со која ја одушеви публиката ширум регионот, Северена воопшто не застанува, туку продолжува да провоцира како никогаш претходно.

Популарната пејачка веќе го најави новиот сингл „Позови ме ти (Анксиозна)“, кој премиерно ќе биде објавен на 6 август, а со првите фотографии и стихови веќе предизвика огромен интерес на социјалните мрежи.

Фејсбук Северина

На Инстаграм сподели промотивни фотографии на кои позира во црвен корсет и мрежести хулахопки,  додека во описот на објавата откри и дел од текстот на новата песна:

„Позови ме ти, ти у кревет ваш, кад је ушушкаш… Позови ме да, да те научим што све допушташ…“ – напиша Северина и дополнително ја разгори фантазијата на своите обожаватели.

Фејсбук Северина

Коментари веднаш почнаа да се нижат, а фановите не го кријат воодушевувањето.

Многумина порачаа дека „Севе тргнала најсилно досега“ и дека „ова лето гори“, додека меѓу коментарите особено се издвоија и оние како: „Мама се врати“ и „Гориш“.

останати вести