Убавите тенисерки Сабаленка и Бадос со фотки во бикини ги воодушевија фановите на социјалните мрежи.
Подготвувајќи се да ја заврши сезоната на финалето на ВТА во Ријад, Саудиска Арабија за две недели, најдобрата тенисерка во светот Арина Сабаленка се сретна овој викенд со својата најдобра пријателка Паула Бадос, уште една атрактивна тенисерка чија сезона заврши поради повреда.

Убавите тенисерки со објава на Инстаграм направија вистински хаос на социјалните мрежи.

Најдобрите пријателки објавија неколку атрактивни фотографии кои го преплавија Инстаграм. Оние во бикини беа особено секси, а за фановите се интересни и фотките на кои Арина и Паула се многу блиски.
На крајот видовме и дека Сабаленка и Бадоса решиле да вечераат во грчкиот ресторан Милош во хотелот, познат по свежата риба.

Следниот ден, дуото ги впуваше сончевите зраци, позирајќи во бикини додека продолжуваа да уживаат во одморот за време на напорната ВТА турнеја.

Двете тенисерки се опишуваат себеси како „сродни души“, а нивните обожаватели ги нарекуваат и со вообичаениот прекар „Сабадоса“.