РОМАНЦИТЕ ОБЈАВИЈА: Пандев и селекторот Ангеловски ги прекршиле ковид-протоколите, вечерале во ресторан со семејствата

by Тони Зографски

Романските медиуми, вчера излегоа со ексклузивна вест, која се поврзува со капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев и селекторот Игор Ангеловски. Имено, тие биле видени во центарот на градот како вечерале со своите семејства, и покрај строгите мерки, и забраната за напуштање на балонот, во која е сместена македонската репрезентација.

Горан Пандев, бил снимен додека вечерал во градот со своето семејство во центарот на Букурешт, по натпреварот Украина – Северна Македонија, од ЕУРО 2020.

Според Романскиот ПроСпорт, капитенот Горан Пандев не сакал да се одмори во хотелот и го земал своето семејство и отишол во еден од најскапите ресторани во Херастрау, Букурешт.

Инаку, македонската репрезентација патува за Амстердам каде ќе го игра последниот натпревар од групната фаза на ЕП против селекцијата на Холандија.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com