Британскиот актер Роберт Патинсон ќе ја преземе улогата на Џејмс Бонд во следниот филм за британскиот шпион ставајќи крај на долгогодишните шпекулации за иднината на 007.Тој ќе го замени Даниел Крег, кој ја презеде улогата во филмот „Казино Ројал“ (Casino Royale) во 2006 година, а се повлече по својот петти филм „Нема време за умирање“ (No Time To Die), во 2021 година.
Во друга објава пишуваше: „Роберт Патинсон е Џејмс Бонд“.
„The Hollywood Reporter“ објави дека процесот на избор на актери „бил толку таен, што Патинсон дознал дека ја добил улогата дури во неделата наутро, и тоа лично од Вилнев“. Според публикацијата, одлуката да се ангажира оваа ѕвезда „е спротивна на вообичаеното мислење дека улогата на Бонд ќе му припадне на актер со помал профил“.
Патинсон се прослави во франшизите „Хари Потер“ и „Самрак“ (Twilight) во текот на 2000-тите години, по што се повлече од блокбастерите за да се посвети на независни филмови. Тој се врати на високобуџетните филмови со шпионскиот трилер „Тенет“ (Tenet) на Кристофер Нолан од 2020 година, а потоа ја толкуваше улогата на Брус Вејн во филмот „Бетмен“ (The Batman) од 2022 година.Актерот имаше многу активна 2026 година, добивајќи пофалби од критиката за неговите улоги во филмовите „Одисеја“ (The Odyssey), „Драмата“ (The Drama) и „Прајмтајм“ (Primetime). Неговиот следен филм е научно-фантастичниот еп на Вилнев, „Дина: Трет дел“ (Dune: Part Three), кој пристигнува во кината на 18 декември, а моментално го снима „Бетмен: Втор дел“ (The Batman: Part II), чија премиера е закажана за февруари 2028 година.
