Познатата пејачка Ријана ги воодушеви своите обожаватели на социјалните мрежи со последната објава. Имено, таа сподели досега невидени фотографии од нејзините синови РЗЕ и Рајот Роуз, кои ги имаше со Ејсап Роки.
Ријана, всушност го прослави Меѓународниот ден на жената споделувајќи ги овие фотографии на нејзините две деца од породилиштето.
„Убедливо најмоќното нешто што сум го направила како жена… моите мали чуда. И да, носев очила за сонце и бисери на породувањето, не ме прашувајте ништо, се случуваше многу“, напишала пејачката покрај фотографиите.
За потсетување, Ејсап Роки неодамна беше ослободен од обвинението за напад со полуавтоматско огнено оружје. Откако поротата ја донесе својата одлука на 18 февруари, Роки и Ријана му се заблагодарија на неговиот адвокат Џо Такопина.
„Ме прегрнаа и ми рекоа: ‘Слушај, нашето следно дете ќе се вика Ејсап Џо’“, открил адвокатот во едно интервју.