Ричард Гир (75) и неговата сопруга Алехандра Силва (41) засекогаш ќе ја паметат првата средба и тоа поради урнебесна причина.
Познатиот актер во интервју за шпанскиот „Elle“ се пошегува дека неговата сопруга „немала поим“ кој е тој кога се запознале.
„Таа мислеше дека сум Џорџ Клуни“
– Ништо. Не ги гледала филмовите, што беше прекрасно. Бев среќен поради тоа“, рече Гир, но сопругата го прекина, велејќи: „Не, чекај малку Ричард, знаев кој си ти“.
Сепак, таа тогаш призна дека не ги гледала сите негови филмови, а Гир се пошегувал: „Мислеше дека сум Џорџ Клуни“.
Неговата сопруга признала дека навистина гледала некои од неговите филмови и дека се заљубила во него поради филмот „Time Out of Mind“ од 2014 година.
Во брак се шест години
За потсетување, парот се венча на тајна церемонија во април 2018 година, а заедно ги имаат 5-годишниот син Александар и 4-годишниот син Џејмс. Гир е и очув на 11-годишниот син на Силва, Алберт од претходниот брак и татко на 24-годишниот Хомер, кој го имаше со поранешната партнерка Кери Лоуел.