„ПУКАВ ЗАТОА ШТО СУМ ПСИХОПАТ“, им рекол на полицајците убиецот од Белград

by Тони Зографски

По утринската драма во Врачар, полицијата веднаш го приведе осомничениот.

Со лисици на рацете и јакна на лицето беше изнесен од училиштето.

Како што дознава „Информер“, 14 годишниот Коста Кецмановиќ бил мирен, не покажувал никакви емоции и не давал отпор при апсењето.

Полицајците му рекле да го спушти оружјето и да ги стави рацете на главата и да легне на подот. Тој ги послушал нивните наредби без отпор. При апсењето изговорил една реченица:

„Пукав затоа што сум психопат“, рече тој.

Инаку, родителите на учениците се бесни и се прашуваат од каде момчето го добило пиштолот и како знаело да пука?

„Слушнавме дека момчето влегло во училиштето, го нашло чуварот од вратата и му пукал директно во главата. Од каде знаело да пука?!“, прашуваат очајните родители, кои се пред училиштето.

Не може да поверуваат што им се случило, а училишниот чувар, кој загинал, бил прекрасен човек.

останати вести