Прогласен најдобриот град на светот: Еве што ги воодушевува туристите

by Тони Зографски

Британското списание „Time Out“ објави листа на 50-те најдобри градови во 2026 година, а Мелбурн го зазема првото место. Градот доби пофалби за својата гастрономска, културна и уметничка сцена.

За да го пронајде победникот, „Тime Out“ анкетираше околу 24.000 луѓе за тоа каде живеат, врз основа на 44 критериуми – од храна, ноќен живот и култура до прифатлива цена, среќа и атмосфера на градот.

Учесниците биле случајно избрани врз основа на тоа кој е спремен да пополни анкета на нивната веб-страница. Учествувале луѓе од 42 јазични области.

„Се наоѓа на реката Јара, која има културно значење за домородните заедници на градот, а низ Мелбурн ќе најдете сè – од историски заштитени згради (само еден дел од признатата културна сцена, според жителите на Мелбурн) до просперитетна кулинарска сцена (високо оценета од 94 проценти од локалните жители) со познати ресторани и кулинарски специјалитети“, вели меѓу другото „Time Out“.

Зад Мелбурн на споменатата листа се најдоа Шангај, Единбург, Лондон, Њујорк, Кејптаун, Мексико Сити, Бангкок, Сеул, Токио…

останати вести