„Прекрасна си кралице“: Нина Бадриќ го покажа телото во леопардов костим за капење (ФОТО)

by Тони Зографски

Хрватската пејачка Нина Бадриќ покажа уште едно опуштено летно издание, а овој пат нејзиниот впечатлив костим за капење беше во преден план. Пејачката, која го прослави 54-от роденден во јули, на Инстаграм сподели низа глетки од одморот на Хвар. Меѓу нив, се издвојува фотографија направена покрај морето, на која позира во едноделен костим за капење со леопард принт.

Моделот ја следи линијата на телото, а благодарение на изразениот животински дезен, не му требаат многу додатоци. Затоа Нина го комбинирала со ефектни црвени очила за сонце и покажала едноставна верзија идеална за одмор на плажа.

„Тргнувам по стариот пат кон југ…“, напишала таа со објавата и додала сино срце.

https://www.instagram.com/badrich/p/DbnUVrPjGT_

„Прекрасна Нина“, „Нина е супер“, „Уживај… заслужи!!! Кралице одморај“, „Уживај…“, напишале нејзините следбеници.

Инаку, Нина има куќа на Хвар и додека престојува на островот, со задоволство ги покажува своите лежерни летни изданија. Неодамна, таа позираше во шарена наметка и порача: „Кога островот вели ‘полека’, јас слушам без преговор“. Во хаштаговите, таа откри и дека го смета Хвар за свој втор дом.

останати вести