ПРЕВРТЕ ШЕСТ АВТОМОБИЛИ: Слон се уплаши од петарда, па на свадба рушеше се пред себе (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Кога бил исплашен од петарда на свадба во Утар Прадеш, Индија, слонот возвратил и започнал да уништува сè што му се наоѓа на патот.

Младоженецот Ананд Трипати, кој дошол на церемонијата јавајќи на ова животно, избегал од местото кога видел колку е лут слонот.

Бучавата од петарди и огномет го исплашила, па превртел 6 автомобили и неколку велосипеди. Беа повикани локални шумари да ја средат ситуацијата.

Полицијата соопшти дека никој не е повреден, но дека е причинета голема материјална штета.

останати вести

Comments are closed.