Првата наплата веќе не е 1.80: Oд денеска до 35% поскапи патарини кон Халкидики

by Тони Зографски

Нови цени, во просек повисоки за 30 до 35 отсто, од денеска се воведени на патарините на автопатот Егнатија во северна Грција, што се протега од Игуменица на запад до границата со Турција кај Кипи на исток.

Од компанијата ги соопштија новите, променети цени што важат од денеска, а соодветната министерска одлука во четвртокот беше објавена во Службен весник на Грција.

Патарината што е веднаш по границата со Македонија при влезот во Грција од 1,80 се зголемува на 2,40 евра, патарината кај Аспровалта од 0,90 се зголемува на 1,20 евра, кај Кавала од 1,40 на 1,85 евра.

Единствено намалување на цените има на патарината кај Солун на пат кон Атина (од 1,20 на од 0,90) и на онаа кон Промахонас на границата со Бугарија (од 2 евра на 1,90).

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com