Улица
  • вести
    • економија
    • политика
    • свет
    • хроника
  • сцена
    • култура
    • забава
    • занимливости
  • улична школа
  • боја на мода
  • колумни
  • спорт
    • фитнес
  • здравје
  • храна
  • хороскоп
  • миленици
  • време
  • Импресум
  • За порталот
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Временска прогноза

Улица

Banner
  • вести
    • економија
    • политика
    • свет
    • хроника
  • сцена
    • култура
    • забава
    • занимливости
  • улична школа
  • боја на мода
  • колумни
  • спорт
    • фитнес
  • здравје
  • храна
  • хороскоп
  • миленици
  • време
колумни

По зграда за секое наше дете

by Тони Зографски March 21, 2019March 21, 2019
March 21, 2019March 21, 2019
По зграда за секое наше дете

Максимата засади дрво за да обезбедиш иднина за своите деца, во Македонија веќе цела деценија се толкува како изгради зграда за децата.
Откако беше обелоденета одлуката на Уставниот суд, со која привремено беше укинат мораториумот за градење на територијата на Општина Центар, на виделина излегоа алармантните бројки за сето тоа што во последните неколку години е изградено во центарот на Скопје, иако интересот за купување на станови е сè помал, а цената на квадратниот метар е во континуиран пад со години.
Во периодот од 2013 до прогласувањето на мораториумот за градба во 2017 година, во Центар се изградени повеќе од 1200 станови. Фрапантна бројка за земја која со години има проблем со наталитетот и иселувањето на младите. Секако доколку на становите во Центар им се додадат и оние од Аеродром, но и од другите делови на Скопје, човек ќе се запраша кој тоа за кого гради? Во Ново лисиче, преку Карпош, до Ѓорче Петров, но и во Сопиште и Сарај, секојдневно никнуваат нови висококатници, кои на човек што не е од Скопје му даваат лажен впечаток дека во градот живеат барем пет милиони луѓе. Не сме направиле попис со години за да ја знаеме егзактната бројка, но мојот впечаток е дека во оваа наша метропола нема повеќе од пола милион жители. Прашање е дали ги има и воопшто толку, а може само да претпоставиме колку ќе има или подобро речено ќе ги нема за десет, петнаесет или дваесет години?
Доколку продолжи стапката на градење стамбени згради, а Уставниот суд потврди дека нема причина да не мислиме така, не само што ќе има повеќе станови од луѓе, туку наскоро на секое новородено дете ќе оди и по една изградена зграда. Значи не стан, туку зграда. На пример, тој има една зграда на „водњанска“ на четири спрата, со два застаклени дуќана во мезанинот, а таа е наследничка на осумспратница сместена карши тинексот во Кисела вода, изградена на плацот од бараката на баба. Излгеда симпатично, но претпоставувам дека и двајцата својата иднина повторно ќе ја бараат некаде по Европа, па во некој Гелзенкирхен или Копенхаген ќе бараат гарсоњера на добра локација.
Неконтролираната урбанизација на Скопје, историски би можела да спореди само со Мачу Пикчу. Оваа античка метропола во Јужна Америка некогаш била дом на повеќе милиони жители. Археолозите денес сметаат дека главната причина за уништувањето на овој град е неконтролираната урбанизација, кога под притисок на градењето се случила климатска катастрофа на поширокото географско подрачје, па градот бил тешко погоден од поплави и суши.
Не знам дали Скопје воопшто има шанса да ја избегне судбина на Мачу Пикчу, но сигурен сум дека доколку изградбата продолжи тогаш иднината на сите наши деца ќе бидеме приморани да ја побараме на друго место. Со сè зградите се разбира.

(Преземено од Фејсбук)

1
FacebookTwitterGoogle +Pinterest

останати вести

Историчарите ќе утврдуваат кој е крив за датумот?

Лекарско уверение за глупоста

Националистите секогаш ќе бидат идиоти

Датумот ќе ни биде доделен во јуни, пресмета...

Историски подвиг на македонската криминалистика

За наставничката која нè научи да мразиме Албанци

Датум нема, ама нема везе, ние сме посветени

Неродените трети деца на Македонија

Тажната приказна на Ненад Станковиќ

Излези на улица! Ќе трчаме заедно

Најнови

  • БУГАРИЈА СЕ ПРОСТУВА: Почина најстарата глумица во светот (ФОТО)

    December 6, 2019
  • Државната видеолотарија во крводарителна акција засилена со неколку јавни личности (ФОТО)

    December 6, 2019
  • Викенд хороскоп: За Рибите забава, за Лавот дружба со пријатели

    December 6, 2019
  • ВАША ОРДИНАЦИЈА : Hifu неинвазивен нехирушки лифтинг идеално решение за подмладена  и ревитализирана кожа

    December 6, 2019

најчитани

  • 1

    Тамара роди син, Хана доби брат

    December 12, 2018
  • 2

    Снежана Ѓуришиќ: 5 години е помлад од мене, но ме исполнува…

    March 16, 2019
  • 3

    Ќиро Блажевиќ: Во мене тече македонска крв

    December 10, 2018
  • 4

    На Маријана и беше роденден вчера, а на Росана денес

    December 14, 2018
  • 5

    Топено сирење со Баш Ајвар и фурнаринки

    October 4, 2018

категории

  • Uncategorized (43)
  • боја на мода (59)
  • вести (2,202)
    • економија (123)
    • политика (213)
    • свет (763)
    • хроника (898)
  • време (23)
  • здравје (254)
    • Елена (32)
    • Искра (4)
    • Оливер (9)
  • колумни (59)
  • миленици (18)
  • спорт (515)
  • сцена (3,590)
    • забава (2,861)
    • занимливости (259)
    • култура (40)
  • улична школа (97)
  • фитнес (14)
  • хороскоп (268)
  • храна (19)

За Улица.МК

 

Улица.мк е портал што третира теми за сите генерации. Улица е местото каде што се случуваат и се дознаваат сите битни работи во нашиот живот. Зачекорете на Улица.мк со нас.

Facebook Twitter Google + Instagram Pinterest Youtube Snapchat

Најчитани текстови

  • 1

    Тамара роди син, Хана доби брат

    December 12, 2018
  • 2

    Снежана Ѓуришиќ: 5 години е помлад од мене, но ме исполнува…

    March 16, 2019
  • 3

    Ќиро Блажевиќ: Во мене тече македонска крв

    December 10, 2018

Избор на уредникот

  • БУГАРИЈА СЕ ПРОСТУВА: Почина најстарата глумица во светот (ФОТО)

    December 6, 2019
  • Државната видеолотарија во крводарителна акција засилена со неколку јавни личности (ФОТО)

    December 6, 2019
  • Викенд хороскоп: За Рибите забава, за Лавот дружба со пријатели

    December 6, 2019

@2018 - Улица.мк. Сите права се задржани. Web by: Perfect