ПО АПЕЛОТ ЗА СПАС: Емилија Малите Палавковци доби полициска придружба

by Тони Зографски

Мајката од Скопје која под псевдонимот Емилија Малите Палавковци завчера очајнички побарала помош од јавноста за да се спаси од свирепото насилничко однесување на нејзиниот поранешен партнер, изјавила дека и понатаму продолжува да добива закани. Но, сега таа покрај насилството кое го трпи во домашни услови стана жртва и на сајбер насилство.

Корисник на Фејсбук кој се претставува како Алекс Ми Скузи дури и во групи наменети за миленици ѝ упатува смртни сакани.

Сепак апелот на Емилија допре до надлежните институции. Од МВР потврдија дека преземаат соодветни мерки за заштита на жртвата.

„Министерството за внатрешни работи и Центрите за социјални работи постојано постапуваат по ваквите случаи. И во текот на вчерашниот ден, но и денес се во постојан контакт со Е.Г. и преземени се мерки и активности за заштита на Е.Г. (39) и санкционирање на А.А. (38), кои според пријавеното биле во врска, а од страна на Е.Г. е пријавено загрозување на сигурноста. Од страна на Центарот за социјални работи на Е.Г. и е понудено сместување во шелтер центар, кој е одбиен од страна на Е. Г. Следен чекор е Е.Г. чија согласност се очекува, заедно со Центарот за социјални работи да покренат постапка за изрекување времени мерки пред надлежен суд. СВР Скопје против А.А. ќе поднесе соодветна пријава и се преземаат дополнителни мерки за заштита на Е.Г. која во моментов е во придружба на СВР и ЦСР Скопје.“  изјавиле за Слободен печат од МВР.

останати вести